Emre Aytekin
16 Јуни 2021•Ажурирај: 17 Јуни 2021
АНКАРА
Во северната мексиканска држава Тамаулипас животот го загубија 12 лица во сообраќајна несреќа на автобус кој пренесувал група хронични пациенти на лекување во болница во друг град, известува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на државната Цивилна одбрана, Педро Гранадос Рамирез, соопшти дека автобус изнајмен од Мексиканскиот институт за социјално осигурување за превоз на пациенти, направил сообраќајка движејќи се од градот Матаморос кон Нуево Леон.
Наведувајќи дека 9 лица починале на местото на несреќата, вклучувајќи го и возачот на автобусот, а 3 лица во болницата во која биле пренесени, Рамирез истакна дека 10 повредени лица се лекуваат во болница.