Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
25 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денеска изјави дека во Турција синоќа се вратиле 2.721 студент од странство, во услови на пандемијата со коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој денеска рече дека студентите пристигнале преку 11 летови од осум земји.
Чавушоглу додаде дека турските конзулати се достапни 24/7 да одговорат на кои било прашања на турските иселеници.
Во Турција досега се потврдени 1.872 случаи на коронавирусот, а бројот на починати изнесува 44.
Вирусот што за првпат се појави во Вухан, Кина, во декември минатата година, се прошири во најмалку 170 земји и региони низ светот, додека бројот на детектирани случаи на заразени со новиот тип коронавирус изнесува 423.121. Од последици предизвикани од овој вирус починаа над 19.000, а речиси 108.629 се излекувани.