İsmail Çimen
10 Јули 2020•Ажурирај: 11 Јули 2020
АНКАРА
Претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп, коментирајќи го поништувањето на одлуката со која џамијата Ајасофија беше претворена во музеј, изјави дека со оваа одлука е отстранет копнежот кој долго време бил во срцето и душата на турскиот народ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Врховниот суд на Турција ја поништи одлуката на Советот на министри од 1934 година, со која џамијата Ајасофија е претворена во музеј, а во службениот весник на Република Турција е објавена и Претседателската одлука со која Ајасофија се отвора за молитви и се става под ингеренции на Управата за верски работи (Дијанет).
Шентоп порача дека со оваа одлука е отстранет копнежот кој долговреме беше во срцето и душата на нашиот народ.
„Ајасофија во идеалите на нашата генерација, многу генерации пред нас, секогаш заземаше место како градба која треба да се отвори како џамија. Заземаше посебно место како цел, надеж, сон на нашата младост, но и на генерациите пред нас “, порача Шентоп.