Aldijana Hadzic
20 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
ЊУЈОРК
Во Домино парк, Њујорк, обележани се кругови со цел држење физичка дистанца и почитување на мерките за спречување на ширењето на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Поединци или помали групи можат да поминуваат време во исцртаниот круг во паркот, а да не доаѓаат во близок контакт со другите лица.
Сојузната држава Њујорк е епицентар на заразата во САД.
Во САД се потврдени 1.528.566 случаи на заразување и регистрирани се 91.921 смртен случај. Во Њујорк се потврдени 28.558 смртни случаи, а 61.886 лица оздравеле.
Од новиот тип на коронавирус (Ковид-19) кој за првпат е забележан во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, во светот се заразени над 5 милиони лица.