Ruslan Rehimov
23 Ноември 2016•Ажурирај: 24 Ноември 2016
БАКУ (АА) - Азеребејџанката Тунзале Мемедзаде (33) го испиша текстот на Куранот со златна и сребрена боја на проѕирна ткаенина од свила, јавува Anadolu Agency (AA).
За тоа потрошила 50 квадратни метри црна ткаенина и 1.500 милилитри златна и сребрена боја.
Во разговор за АА, уметникот и калиграфот Мемедзаде изјави дека успеала да го искористи долгогодишното уметничко искуство за да направи единствено дело кое е врв на нејзиното уметничко творештво.
Мемедзаде, која инаку има докторирано историја на уметност на Универзитетот Мармара во Турција, изјави дека за испишувањето на светото писмо на свилена ткаенина ѝ биле потребни три години посветен труд.
„Истражував и открив дека претходно не е испишан текстот на Куранот на свила. Досега светото писмо е испишано на различни материјали, а јас тоа го направив на свила. Не воочив ништо што би претставувало проблем бидејќи свилата е ткаенина која се спомнува во Куранот”, изјави Мемедзаде.