Hatice Kesgin
03 Април 2016•Ажурирај: 04 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Азербејџан е подготвен да објави прекин на огнот доколку Ерменија истото го направи прва, изјави денес турскиот претседател Реџен Таип Ердоган по телефонскиот разговор со азербејџанскиот колега Илхам Алиев, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган го изјави тоа на аеродромот Ататурк во Истанбул, по враќањето од Самитот за нуклеарна безбедност во Вашингтон, на кој, исто така, присуствуваше и Алиев.
„Кога слушнав за проблемот, му се јавив на мојот брат Илхам Алиев. Тој беше на пат кон аеродромот за да отпатува кон Азербејџан. Ја изразивме нашата загриженост но во тоа време судирите продолжуваа. Како и да е, сфатив дека Азербејџан е подготвен да го прекине огнот доколку Ерменија го направи тоа прва”, изјави Ердоган.
Азербејџан го поврати регионот, окупиран од страна на Ерменија, во текот на судирите вчера и завчера во кои загинаа12 азербејџански војници.
Азербејџанското министерство за обдрана изјави дека армијата започна операции во регионите на Агдер, Тертер, Агдам, Хоџавенд и Фузули да ги заштити цивилите.
За време на операцијата, азербејџанската армија поврати одредени стратешки ридови и населени зони.