Şenhan Bolelli
07 Февруари 2025•Ажурирај: 12 Февруари 2025
МАДРИД (АА) - Американскиот актер и продуцент Ричард Гир, кому оваа година ќе му биде доделена наградата „Гоја“, една од најпрестижните награди на шпанската кинематографија, за неговиот извонреден придонес во кинематската уметност, тврди дека светот е во опасност поради американскиот претседател Доналд Трамп, известува Анадолу.
Прес-конференција во палатата Алхамбра одржа американскиот актер Гир, кој ќе ја добие наградата „Гоја интернационал“ на гала вечерта што утревечер ќе се одржи во Гранада.
Остро критикувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп, Гир рече:
„Народот гласаше за него и го избра, но полошо е отколку што мислев. Шокиран сум. Мислам дека тоа што го направи е многу полошо од она што го вети во неговата предизборна кампања“.
„Сите се изложени на ризик, а постоењето на милијардери кои го опкружуваат Трамп е особено сериозна опасност. Со Трамп светот е во опасност“, рече Гир мислејќи на бизнисменот Илон Маск и додаде:
„Бракот меѓу милијардери на власт е многу сериозен проблем. Тоа не е нешто што ќе ја стави во ризик само филмската индустрија.“
Гир се осврна и на проектите за социјална помош за бездомниците, велејќи: „Останување на улица, живеење, е нешто што може да му се случи секому. Дури налетав на актер кој живее на улица поради различни причини. Никој од нас не е безбеден“.
Гир, кој со сопругата Алехандра Силва од октомври 2024 година живее во Мадрид, главниот град на Шпанија, исто така изјави дека е многу задоволен од неговиот нов живот таму.
Познатиот актер изјави и дека еден ден со задоволство би соработувал со оскаровецот, шпанскиот режисер Педро Алмодовар.