Aynur Şeyma Asan
10 Февруари 2025•Ажурирај: 12 Февруари 2025
АНКАРА (АА) - Индиската полиција го прекина настапот на британскиот пејач Ед Ширан, кој сакаше да пее на улиците на Бенгалуру, во индиската држава Карнатака, со образложение дека нема дозвола, известува Анадолу.
Според веста што ја објави „Хиндустан тајмс“, Ширан пристигнал во Бенгалуру за да настапи на концертот организиран како дел од неговата светска турнеја.
Пред концертот Ширан ја зел гитарата и почнал да пее на една улица во Бенгалуру, но градската полиција го прекинала настапот на британската ѕвезда.
Полициски претставници соопштија дека организацискиот тим побарал дозвола Шеран да пее на улица, но дозволата не била издадена поради метежот на улицата.
Ед Ширан на својот профил на Инстаграм ја сподели објавата:
„Имавме дозвола да свириме музика на улица и затоа бевме токму таму. Тоа беше планирано однапред, не дојдовме случајно. Како и да е, нема проблем.“