Aldıjana Hadzıc
10 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
РИО ДЕ ЖЕНЕИРО (АА) - Иако има само 19 години, Луна Бушченели е позната графити уметничка во Рио де Женеиро, Бразил, јавува Anadolu Agency (AA).
Нејзиниот талент ги краси ѕидовите на многу објекти ширум градот, а љубовта кон цртањето, особено графитите, е изразена во секој внимателно одбран чекор.
Иако никогаш не стекнала посебно образование за цртањето, Луна од мали нозе ја користи можноста безличните ѕидови од зградите да ги претвори во уметничко дело.
Последниот цртеж го нацртала на ѕидовите на државното училиште Ривадавиа Кореа, а желба и е тоа да биде најголем графит на светот кој една жена го направила.
На нејзините трудови настанати во изминатите неколку години, можат да се забележат човечки фиругири и неретко нивната поврзаност со уметноста но и проблемите со кои се соочуваат.