Elena Trenchevska Chekovic
30 Јуни 2025•Ажурирај: 01 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) - И оваа година, во малите градови Гуаренас и Гуатире, како и во Сарија, округ во главниот град Каракас, се одбележа Фестивалот „Паранда де Сан Педро“, јавува Анадолу.
Паранда де Сан Педро, признаен од УНЕСКО како нематеријално културно наследство, собра на едно место илјадници луѓе со цел почитување на ветувањата, танцување „Себукан“ и пеење песни за верата и традицијата.
Имено, Фестивалот се одржува во чест на апостолот Свети Петар (Сан Педро), со низа популарни свечености и ритуали. Според традицијата, на полноќ, се одржува миса, по која луѓето излегуваат и парадираат низ улиците.
Централно место во одбележувањето има реконструкцијата на приказната за робинката Марија Игнасија, чија ќерка била излекувана од апостолот.
Учесниците носат темни наметки, капи со ленти „пумпа“, имаат цно обоени лица, а жените се облечени во разнобојна облека, што го одразува наследството и афроамериканското потекло.
Фестивалот е длабоко вкоренет во заедницата и ја прикажува борбата против неправдата и нееднаквоста, и се одржува секоја година на 29 јуни.