Nazlı Yüzbaşıoğlu,Jeyhun Aliyev
05 Мај 2019•Ажурирај: 06 Мај 2019
АНКАРА (AA) – Во Анкара, под покровителство на Амбасадата на Индија во Турција, организиран е фестивалот „Холи“, кој го симболизира доаѓањето на пролетта, јавува Anadolu Agency (AA).
На програмата одржана во Амбасадата на Индија во Анкара присуствуваа голем број Индијци, претставници на странските мисии и други гости.
Амбасадорот на Индија во Анкара, Санџај Батачарја, рече дека Фестивалот на боите, кој во Индија го нарекуваат „Холи“, го претставува доаѓањето на пролетта, а за неговата земја воедно и почетокот на новата година.
Батачарја рече дека оваа прослава воедно укажува на тоа дека минатото треба да се остави во минатото, но дека сега е време да се отвори и нова страница во животот на луѓето.
Тој додаде и дека оваа прослава која доаѓа во време кога цвета цвеќето, е показател на хармонијата помеѓу човекот и природата.
Батачарја рече дека манифестациите во рамките на овој фестивал во Индија се организираат главно кон крајот на март.
Гостите имаа можност да уживаат во богатата културна програма, а потоа да ги вкусат и специјалитетите на индиската кујна.