Ferdi Bayat
19 Септември 2022•Ажурирај: 20 Септември 2022
КАИРО (АА)
– Ферди БАЈАТ
Илјадниците стари гробници, лоцирани на приближно 20 километри јужно од египетскиот град Миња, даваат информации за мистериозната историја на древните Египќани.
Гробниците на Аменхотеп и Хнумхотеп IV, кои припаѓаат на 12. династија фараони, го привлекуваат вниманието на домашните и странските туристи со својата архитектонска структура и атрактивните слики на ѕидовите.
Мерве Мурси, една од посетителките на регионот, за дописникот на Агенција Анадолија (АА) истакна: „Гробовите се фасцинантни со нивната структура и описите на ѕидовите. Своите посетители ги носат на пријатно историско патување во минатото.“
Наведувајќи дека има посебен интерес за историските градби, Мурси рече дека Египет, кој е дом на многу цивилизации од минатото до денес, има историја долга илјадници години и дека такви историски градби има во многу градови.
- „Она што ги прави гробовите посебни е тоа што се врежани во планините“
Мурси, подвлекувајќи дека древните Египќани постигнале многу важни достигнувања и покрај тешкотиите во тој период и дека тие се една од водечките цивилизации во науката и уметноста, нагласи:
„Во мојата земја има десетици историски градби кои датираат од пред стотици години и сите имаат уникатни карактеристики. На пример, секоја слика прикажана на ѕидовите на гробниците има различно значење. Ако забележите, меѓу десетиците слики на ѕидот нема ниту една иста. Покрај тоа, има уште една карактеристика што ги прави гробовите посебни. Тоа што се врежани во планините.“
- Сликите прикажани на ѕидовите на гробниците сѐ уште се свежи и покрај тоа што се изминати векови
Гробниците на Аменхотеп и Хнумхотеп IV, кои припаѓаат на 12. династија фараони, имаат прикази од секојдневниот живот, земјоделските активности и риболовот, како и слики кои потсетуваат на разни професии како што се столарија, правење чамци, керамика, изработка на лакови и стрели. Сликите за кои станува збор сѐ уште ја одржуваат својата свежина и покрај изминатите векови.
Корулус Меџди, исто така посетител на регионот, рече дека дојден е по совет на неговите пријатели и дека местото го смета за попривлечно отколку што очекувал.
„Иако е тешко да се стигне, ова е место што мора да се види. Покрај сликите на ѕидот на гробницата, натписите на староегипетски јазик на таванот предизвикуваат љубопитност кај посетителите. Општо кажано, со својата архитектонска структура и убавина претставува визуелен празник за неговите посетители“, нагласи Меџди.
- Историјата на гробниците датира од пред околу 4.000 години
Според информациите на официјалната веб-страница на Министерството за туризам на Египет, во регинот се наоѓаат гробниците на Аменхотеп и кралот Аменхотеп II кои живееле во периодот на 12-тата фараонска династија на кралот Сенусрет I (1965-1920 пр. н. е.) и на гробот на Хнумхотеп IV кој живеел во периодот на Сенусрет II.
Се проценува дека античките гробишта, кои опстанале до денес, биле изградени помеѓу 2.055-1.650 година пр. н. е.