?????
11 Јануари 2016•Ажурирај: 12 Јануари 2016
КАИРО (АА) - Туристичкиот сектор во Египет бележи значителни загуби по последните вооружени напади кои се случија во неколку египетски градови, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во петокот, непознати напаѓачи упаднаа во хотелот "Бела Виста" во египетското одморалиште Хургада на Црвеното Море, каде повредија тројца туристи. Тоа е втор напад на туристи во изминатите седум дена, претходно нападнат е автобус со израелски државјани во близина на хотел во Гиза.
"Вооружените напади на туристи во изминатата недела веќе негативно влијаат на доаѓањето туристи во земјата", рече за АА претседателот на Комората на египетските туристички компании, Хајри Мухамед.
Според него, странските земји сигурно ќе ги предупредат своите државјани да не патуваат во Египет, поради нарушената безбедносна ситуација.
Секторот на египетскиот туризам минатава година значително е погоден по падот на рускиот авион на Синај, при што загинаа над 200 лица.
Туристичката индустрија чини 13 отсто од бруто домашниот производ во Египет.