Ruslan Rehimov
14 Март 2017•Ажурирај: 14 Март 2017
БАКУ (АА) - Во главниот град на Азербејџан, Баку, граѓаните почнаа да го прославуваат празникот Невруз, или празникот на пролетта, јавува Anadolu Agency (AA).
На улиците во Баку можат да се видат камили, коњи и пајтони. Луѓе облечени во традиционални носии го прославуваат доаѓањето на пролетта, која официјално започнува на 21 март.
Улиците на азербејџанскиот главен град се полни со весели граѓани кои играат и се радуваат на овој празник.
На предлог на земјите што го слават овој празник, Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) го прогласи Невруз, кој официјално слави на 21 март, како ден што ги промовира мирот и солидарноста.
Станува збор за празник што потекнува од древни времиња, а го одбележува првиот ден на пролетта и обновувањето на природата.
Невруз е впишан во листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО од 2009 година.
Прославата којашто промовира хармонија и единство меѓу генерациите, датира од древен Иран, а во иранската митологија има неколку митови што се поврзани со Невруз.