Furkan Abdula
26 Јуни 2019•Ажурирај: 27 Јуни 2019
СКОПЈЕ (АА) - Во Домот на Армијата во Скопје беше одиграна театарската претстава „Уста“ во која се раскажува за животот на османлискиот султан Амбдулхамид Втори, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставата беше во организација на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Сојузот на турските невладини организации во земјата (МАТУСИТЕБ). На настанот присуствуваа амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, претставници на турските организации и институции во земјата, љубителите на театарската уметност и други поканети гости.
Сценарист и режисер на театарската претстава „Уста“, е познатиот турски актер Ахмет Јенилмез.

Координаторот на ТИКА во Скопје, Ајтекин Ајден, во изјава за медиумите истакна дека ТИКА реализира проекти во различни области како здравството, земјоделството, и реставрации. „Театарксата претстава Уста во која се раскажува за дел од животот на Абдулхамид Втори, ќе биде еден од нашите најзначајни проекти“, рече Ајден.
Осврнувајќи се на театарската претстава, координаторот на ТИКА во Скопје додаде дека во претставата „Уста“ се раскажува за семејната, и уметничката страна на Абдулхамид и дека оваа претстава сакаат да ја реализираат и на други места на Балканот.
Турскиот актер Ридван Даглар, кој оваа претстава ја игра улогата на султанот Абдулхамид, рече дека преку оваа претстава, се открива емотивната посветеност и поврзаност на Абдулхамид кон неговите деца.
Исто така, турскиот актер Зулфу Демирташ кој игра улога во претставата, нагласи дека оваа претстава е подготвенa според оргиналот од мемоарите на самиот Абдулхамид, на неговата ќерка Шадије Султан, и на Ертугрул од местото Согут кој 17 години служел за него.
Актерката Мелис Озпача која ја играше улогата на ќерката на Абдулхамид, Шадије Султан, нагласи дека во претставата се открива присуството на Абдулхамид како татко и неговата хуманост.