Besar Ademi
04 Февруари 2016•Ажурирај: 05 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во зградата на Триумфалната Порта "Македонија" од денеска до 25-ти овој месец ќе биде отворена изложбата на уметничките дела направени од страна на академските сликари и талентирани лица со хендикеп, јавува Anadolu Agency (AA).
Уметничките дела се направени во времето на VI колонија на меѓународната уметност во Охрид, во организација на Националниот сојуз на лица со попреченост "Македонија - мобилност". На изложбата се прикажани 53 различни уметнички дела од 14 автори со посебни потреби.
Претседателот на Здружението "Македонија - Мобилност", Бранимир Јовановски, рече дека целта на изложбата е на јавноста да и се покаже дека и лицата со хендикеп имаат способности и вештини да создаваат уметност.
"Преку овие активности Здружението "Македонија-Мобилност" невозможното го прави можно. Убеден сум дека во иднина ќе имаме повеќе вакви средби и активности и нашите квалитети ќе бидат презентирани на јавноста ", рече Јовановски.
Оваа организација има за цел да покаже и да докаже дека креативните потенцијали на лицата со телесен инвалидитет се многу поважни од предрасудите дека техничката изведба е најважна.