Mehmet Yılmaz
09 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
БУДИМПЕШТА (АА) – Боксер на унгарската репрезентација кој пред кусо време го прифатил исламот, налик на легендарниот боксер Мухамед Али, со возбуда го дочека првиот Рамазaн, јавува Anadolu Agency (AA).
Унгарскиот репрезентативец, учествуваше на ифтарот кој го подготви Турско-унгарското културно здружение во Будимпешта.
Боксерот Милан Фодор, кој е унгарски репрезентативец во бокс, во изјавата за АА вели дека смртта на легендарниот боксер Мохамед Али, влијаела врз него да го прифати Исламот.
„Пред да станам муслиман, му се воодушевував на Мухамед Али и ми беше боксер кој го земав за пример. Во моето преоѓање во муслиманската вера, големо влијание има Мухамед Али. Бев многу погоден кога чув дека починал. Благодарение на Турско-унгарското културно здружение видов дека исламот не е онака како што го претставуваат и го избрав исламот“, изјави боксерот Фодор.
Тој истакна дека покажува особен интерес кон турскиот јазик, и дека започнал да го изучува во Институтот „Јунус Емре," која е една од активностите кои во Будимпешта ги организира овој институт.
Репрезентативниот боксер Барнсони Бернард, истакна дека додека го истражувал Исламот, многу го заинтересирал месецот на постот.
„Многу ме заинтересира ситуацијата во исламот, кога за време на месецот на постот – Рамазан, и во летните месеци, луѓето во текот на периодот додека сонцето е на небото, не јадат и не пијат за да можат подобро да ја разберат состојбата на сиромашните. Исламот денеска е религија која живее. Луѓето ја живеат оваа вера“, изјави унгарскиот репрезентативец Бернард.
Претседателот на турско-унгарскиот културно дружение, Ахмет Баришчил изјави дека 14 години Унгарците ги запознава со турската култура и додаде: „Традиционалната програма за Ифтар ја организираме 14 години. Во програмата вглавно учествуваат младите унгарски муслимани. Денеска гости ни беа нашите унгарски браќа кои скоро го прифатиле исламот. Меѓу нив се и двајца унгарски репрезентативни боксери кои потикнати од легенарниот боксер Мухамед Али, го избраа исламот.“