Ekipa
08 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Париските музеи Лувр и Oрсај повторно ги отворија своите врати за посетителите, откако беа затворени минатата недела поради поплавите што го погодија главниот град на Франција, јавува Aandolu Agency (AA).
Поради поплавите над 35.000 уметнички дела на познатиот музеј Лувр од пониските нивоа се преселени на повисоките катови. По четири дена, делата повторно беа вратени на своите места, кога беше утврдено дека е намалено нивото на водата на реката Сена.
Во меѓувреме, француската влада прогласи состојба на природна катастрофа во 780 градови и села погодени од поплавите кои го зафатија Париз и француските региони во централниот дел на земјата.
Според портпаролот на француската влада Стефан Ле Фол, околу 20.000 луѓе се евакуирани од своите домови во последните неколку дена.
Материјалната штета на објектите е огромна. Премиерот Мануел Валс изјави дека за враќањето на "старото" ќе треба време и ги повика жителите на солидарност.
Во поплавите што се случија минатата недела во Германија, Франција, Романија, загинаа 19 лица.