Satuk Buğra Kutlugün
13 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Еден од најнеобичните музички бендови на денешницата „Blue Man“ е подготвен за концерт во Истанбул, а локалните жители и туристите во турската метропола со воодушевување се дружеа со популарното трио со обоени глави, јавува Anadolu Agency (AA).
„Blue Man“ вечерва ќе одржи концерт во истанбулската сала „Зорл“, а првото гостување во Турција го збогатија со перформанс на улиците во градот на Босфор.
Бендот беше основан во далечната 1988 година од триото од Њујорк: Крис Винк, Мет Голдмен и Фил Стентон.

Во изминатите три децении бендот често ги менуваше музичките изрази, ангажираше стотици перкусионисти, и настапи пред повеќе од 35 милиони луѓе во повеќе од 20 земји.
Заштитниот знак на групата се обоените лица, од каде што доаѓа и името „Blue Man“.
Крис Винк изрази задоволство поради настапот во Турција, и на публиката ѝ вети необичен уметнички перформанс.

„Убедени сме дека среќата и радоста што ја промовира групата „Blue Man“ може да стигне до секој човек во светот“, рече Винк.
За оваа група беше снимен и филмот „Blue Man Group: Blind Blast“ од режисерот Давид Русо, кој беше емитуван на „National Geographic Entertainment“.
Станува збор за група што црпи инспирација од различни културни наследства во комбинација со технологијата и сценски настап на кој често имаат елементите на комедија.