Zafer Fatih Beyaz
01 Октомври 2022•Ажурирај: 02 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Уште тринаесет бродови ја напуштија Украина според договорот од Истанбул за извоз на жито во изминатите три дена, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството не е наведена точката на поаѓање на бродовите.
„Испораките на жито, преку кои досега од украинските пристаништа се пренесени над 5,5 милиони тони жито за период од два месеца, продолжуваат безбедно според планираното“, се додава.
Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина на 22 јули потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, што беше прекинат по почетокот на Руско-украинската војна во февруари.
Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и Обединетите нации за надгледување на испораките.
Откако првиот брод на 1 август ја напушти Украина, според договорот, досега украинските пристаништа ги напуштија над 215 бродови со повеќе од 5,5 милиони тони земјоделски производи.