Ekip
02 Септември 2021•Ажурирај: 06 Септември 2021
АТИНА
Микис Теодоракис, познатиот грчки композитор и политички активист, почина денеска, потврди Министерството за култура. Тој имаше 96 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во пораката за сочувство, министерката Лина Мендони рече дека денеска загубиле дел од душата на Грција.
„Микис беше светски композитор и неговата работа му припаѓа на целиот свет... допре и ќе продолжи да допира милиони срца... Грците жалат денеска“, рече таа.
Теодоракис компонираше различни видови музика, почнувајќи од опери до симфониска и камерна музика базирана на западноевропски форми и модерни техники.
Повеќето од неговите песни се базираа на грчки песни, кои исто така беа изведувани од популарни уметници и бендови низ светот, вклучувајќи ги „Битлси“, Едит Пјаф и Ширли Бејзи.
Мендони го опиша како учител, интелектуалец и „оној што ги направи сите Грци распеани поети“.
Тој беше најпознат по музиката што ја компонираше за наградуваниот филм „Гркот Зорба“ во 1964 година. Ја освои наградата БАФТА за оригинална музика за филмот „З“ (1969), „Федра“ (1962) и „Серпико“ (1973).
Теодоракис исто така помагаше во подигнувањето на глобалната свест против грчката воена диктатура во периодот 1967 - 1974 година, за што беше уапсен и затворен, а неговите дела беа забранети во земјата.