Ekipa
11 Септември 2016•Ажурирај: 12 Септември 2016
ТОРОНТО (АА) - Американскиот актер Леонардо ди Каприо на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто го претстави неговиот документарен филм за климатските промени „Пред потопот”, истакнувајќи дека целта на филмот е да се даде глас на "научната заедница", пренесува Anadolu Agency (AA).
Филмот е во режија на Фишер Стивенс и во него се прикажани хронолошките напори на Ди Каприо ширум свет за подигање на свеста за климатските промени.
"Ние сме навистина на пресвртна точка во историјата. Ова прашање зависи од едукацијата на јавноста и еволуцијата на нашиот вид во борбата против најголемата криза со која сме се соочиле досега", изјави добитникот на Оскар и амбасадор на ОН за мир.
Американскиот режисер Стивенс истакна дека објавувањето на филмот намерно се совпаднала со периодот на американските претседателски избори.
Филмот ќе има премиера на 31 октомври на National Geographic.