Amina Zorniç
13 Септември 2016•Ажурирај: 14 Септември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Индонезиската дизајнерка Аниеса Хасибуан (28) синоќа ја претстави својата нова колекција на облека за жени со хиџаб на најголемиот моден настан во светот – Модната недела во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за првата Индонезијка со хиџаб која учествува на настанот Модна недела во Њујорк, настан што оваа недела на светската јавност ѝ ги претставува најновите трендови во модата.
Колекцијата за жени со хиџаб на младата Хасибуан беше испратена со голем аплауз. Урбана облека, главно вечерни фустани, инспирирани од културната разновидност на Индонезија и бои карактеристични за тој архипелаг – златна и боја на праска.
Освен нежните бои и меката текстура на материјали, Хасибуан се посветила на украсување на фустаните и наметките со бисери, камења и со тантела.
Освен во Њујорк, најголемите модни настани во светот се во Берлин, Лондон, Милано и во Париз.