Aişe Hümeyra Bulovalı
18 Февруари 2020•Ажурирај: 19 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Заврши пријавувањето за „Istanbul Photo Awards 2020“, меѓународниот натпревар во фотографии, кој оваа година по шести пат се организира од страна на Агенција Анадолија (АА).
Пријавувањето за овој натпревар започна на 1 ноември, во кој секоја година учествуваат фотографи од над 100 земји.
Покрај медиумите, исто така и голем број фоторепортери фриленсери учествуваат на овогодинешниот натпревар, на кој ќе се одлучува за над 10.000 фотографии.
Натпреварувањето има четири категории: „Фотографија на единечна вест“, „Серија фотографии за вест“, „Единечна фотографија од спортот“, „Серија фотографии од спортот“, а во овој натпревар се пријавија фотографии од важните настани што се случија во текот на годината низ земјата, како во Оариз, Сиднеј, Хонконг и Сирија.
Жирито на натпреварот се состои од истакнати меѓународни лица од областа на фотографијата. Ова жири во март ќе се состане во Турција, кога членовите ќе ги утврдат победниците.
Членови на жирито на овогодишниот „Istanbul Photo Awards“ се Јури Козјрев, фоторепортер и член на агенцијата НООР (NOOR); Мерион Мертенс, уредничка за дигитални медиуми на неделникот „Париз мач“ (Paris Match); Мишел Ското, директор за дистрибуција на фотографии и деловен развој во Агенцијата „Франс прес“ (AFP); Дебора Копакен, американски фоторепортер и автор; фоторепортерот и консултант за визуелни медиуми Жорж де Керле, главниот фоторепортер на „Гети имиџис“ од полето на спортот, Камерон Спенсер, Ахмет Сел, истакнат фоторепортер на Агенција Анадолија (АА), Хасан Ојмез, главен уредник на Одделот за визуелни вести на Агенција Анадолија (АА) и Фират Јурдакул, уредник на фотографија во Агенција Анадолија (АА).
Победничката фотографија од категоријата „Фотографија на единечна вест“ ќе ја добие наградата „Најдобра фотографија на годината“, а нејзиниот фотограф ќе добие парична награда од 8.000 долари.
Победниците во останатите категории ќе добијат по 5.000, второпласираните по 3.000 и третопласираните по 1.500 долари.