АНКАРА (АА) - Меѓународниот натпревар за најдобра фотографија Istanbul Photo Awards 2017 со нови категории и програми Istanbul Photo Awards Workshop и Istanbul Photo Awards Talks, прераснува во фотографски настан во траење од неколку дена.
Натпреварот по трети пат го организира Anadolu Agency (AA).
Спонзори на натпреварот се Туркиш Ерлајнс и Турската агенција за меѓународна соработка и координација (TIKA).
Уредникот на визуелните содржини на АА, Ахмет Сел, изјави дека Istanbul Photo Awards станало едно од значајните натпревари кое го следат професионални фоторепортери на меѓународно ниво, без разлика дали станува збор за награди или за престиж на меѓународното жири.
Тој потсети дека натпреварот носи карактеристика на важна платформа по пат на која трудот на професионалните фоторепортери во текот на една година е достапен на пошироката публика, и преку кој се наградувани.
Тој додаде дека оваа година на постоечките катгории се додадени и категории портрет и природа/околина. На тој начин на фоторепортерите кои работат на овие полиња им се нуди можност за учество во натпреварот.
Исто така, тој истакна дека со наградата за фоторепортер помлад од 28 години, сакаат да ги поддржат младите фоторепортери кои се посветиле на извесувањето.
„Меѓу најважите функции на Istanbul Photo Awards се издвојување на фотографското известување во прв план, поддршка на фоторепортерите кои работат во строги зимски услови и истакнување на фоторепортажата”, изјави Сел.
Според неговите зборови, недоволна е поддршката на фоторепортерите ширум светот кои често го загрозуваат сопствениот живот во услови на известување за војните, природните катастрофи, и различните судири.
Тој додаде дека Anadolu Agency како медиумска куќа со најдолга историја во Турција, со организирањето на Istanbul Photo Awards настојува барем со еден дел да ги исполни очекувањата.
Сел изјави дека книгата за Istanbul Photo Awards 2017 која ќе биде печатена по натрпеварот и изложбите ќе овозможи публиката да се запознае со највпечатливите фотографии за случувањата кои ја одбележаа годината.
Поради третото организирање на Istanbul Photo Awards, возбуденост изрази и директорката на Одделот за корпоративна комуникација на АА, Есра Киречџи.
Според неа, натпреварот и оваа година ќе ги обедини значајните имиња од светот на фотографијата, а планирани се две нови активности: Istanbul Photo Awards Workshop и Istanbul Photo Awards Talks.
„Стенли Грин од агенцијата Нур и членот на жирито на Istanbul Photo Awards 2017, Јури Козирев, на активностите кои ќе бидат организирани со поддршка на Академијата за уметност Мимар Синар ќе работат со учесниците кои ќе зборуваат за експерименти”, изјави Киречџи.
Таа додаде дека во споменатата работилница која ќе биде одржана од 24 до 26 март ќе учествуваат 16 лица и тоа вработени во АА и други медиумски куќи и студенти на Отсекот за фотографија на Академијата.
„Откако ќе биде завршена работилницата, на 26. март на Академијата Мимар Синан ќе биде организирано дружење под наслов Istanbul Photo Awards Talks на инструкторите и љубителите на фотографијата”, изјави Киречџи.
Исто така, таа додаде дека изложбата на победничките фотографии ќе биде отворена на 2.април во Центарот за култура и уметност Топхане-и Амире во Истанбул.
Во жирито оваа година се наоѓаат и уредничката на дигиталниот сектор во списанието Парис Мач, Марион Мертенс, познатиот фоторепортер на агенцијата Нур, Јури Козирев, спортскиот фоторепортер на Гети имиџес, Камерон Сренсер и победникот на минатогодишниот Istanbul Photo Awards и добитник на Пулицерова награда за истата фотографија, Сергеј Пономарев.
Уредничката на дигиталниот сектор во списанието Парис Мач, Марион Мертенс, во таа куќа е ангажирана од 1998 година. Мертенс, која сега управува со интернет и мобилните апликации на списанието, претходно во текот на 15 години беше на позиција главен уредник. Пред да биде ангажирана во Парис Мач, работеше за Ле Фигаро, Експрес и ВСД, а кариерата ја започна во Гам прес имиџес.
Спортскиот фоторепортер на агенцијата Гети имиџес, Австриецот Камерон Спенсер, од 2004 година па наваму активно се занимава со спортски фотографии и портети. Во својата област добитник е на голем број награди, а во рамките на овогодишниот Istanbul Photo Awards, тој ќе ги оценува фотографиите од областа спорт.
Меѓу членовите на жирито оваа година се наоѓа и рускиот фоторепортер, Сергеј Пономарев, кој минатата година ја освои наградата Istanbul Photo Awards за најдобра фотографија во категоријата вести, а која ја прикажува драмата на сириските бегалци во Егејското Море. Фотографијата „Бегалци” на фоторепортерот од весникот Њујорк тајмс, Сергеј Пономарев, подоцна ја освои и Пулицеровата награда.
Пономарев, кој во периодот меѓу 2003 и 2012 година работеше за агенцијата Асошиејтед прес, а потоа кариерата ја продолжи во Њујорк тајмс, и е добитник на Ворлд прес за 2015 година на тема драмите во Газа. Добитник е и на голем број меѓународни награди за фотографии на тема руска култура и обичаи.
Меѓу останатите членови на овогодишнешното жири се наоѓаат и добитничката на наградата Хауард Чапнич од бласта фотографии, Лиса Фактор, шефот на Канцеларијата за развој на фотографии, Мајкл Ското, директорот на Шангајскиот фотографски центар и наградениот со Пулицер, фоторепортерот Лу Хеу Шинг, фоторепортерот од Гети имиџес, Џорџ Декерл и уредникот на визуелните вести на АА, Ахмет Сел како и уредникот на фото сервисот на АА, Фират Чалајан Јурдакул.