САРАЕВО (AA) – Во Сараево денес почнува снимањето на првата фаза од документарниот филм "Проект Зетра" во режија на Даниел Вишевиќ, а станува збор за проект со кој 25 години по мировниот концерт во Зетра, група на млади новинари, продуценти од Германија и БиХ се упатуваат на патување во минатото трагајќи по одговорот: како можеше да дојде до војна во Југославија кога многумина беа против?
Во јули 1991 година, пред и во салата Зетра во Сараево, десетици илјади луѓе заеднички го прославуваа мирот, а беше тоа последниот атом на силата на повеќенародната држава и нејзиниот отпор кој го пружаше едно силно мировно движење на кое денес ретко кој се сеќава.
Импресивните видеоснимки од сцената, како и од публиката, покажуваат дека никој од присутните не можел ниту да замисли дека неколку месеци покасно народите на овие простори едни против други ќе војуваат и дека во таа борба повеќе од сто илјади ќе го загуби животот.
Дваесет и пет години подоцна "Crowdsourcing-Projekt Zetra" трага по тогшните посетители на концертот и нивните приказни. Целта на проектот е да се соберат што повеќе луѓе за да се подели нивната приказна на сеќавање за да при тоа се најде одговорот на прашањето: поради што почна војната која никој не ја сакал?
- Се започна од снимката од концертот-
Даниел Вишевиќ, наградуван германски новинар е идејниот творец на проектот. Во разговор за АА рече дека се почна пред неколку месеци кога најде снимка од концеротот на телевизија Јутел за на Youtube, реши да ги побара луѓето кои беа на тој концерт и да ја раскажат приказната за големото движење за мир во поранешна Југославија.
„Роден сум во Германија и таму израснав. Порано имав слика дека луѓето од Балканот, ќе претерам, едвај чекале да имааат војна, кои едвај чекале Тито да почине и да можат повторно да убиваат. Низ таа снимка и низ истражувањата подоцна, дознав дека вистината е спротивното. Вистината е дека народите не сакале војна , дека се залагале за мир и дека со раце и со нозе се бореле против таа војна", рече Вишевиќ.
Напомена дека концертот во Зетра на 28 јули 1991 година, претставуваше врв на мировното движење во Југославија: 30.000 луѓе во двораната, 50.000 луѓе пред. Освен во Сараево, десетици илјади граѓани се собраа во многу други места ширум поранешна Југославија, за да протестираат против војната за која не ни веруваа дека ќе се случи.
„Тој концерт беше емитуван преку Јутел телевизија и народот покажа дека не сака војна и дека секој сака мир. Со денови медиумите пишуваа за тоа. Тука беше и естрадата на Југославија, свиреа најголемите бендови, а тоа беше само кулминација. Имаше и протести во Белград, Градачац, Крагујевац, во Загреб, како и во повеќе од 30 места се организирани големи акции против војната, а се со иста порака 'Ние сакаме мир, не сакаме војна' ", истакна авторот.
- Да се не заборави-
Кога екипата која работи на проектот неодамна ја покрена страницата "Projekt Zetra" на социјалната мрежа Facebook, првобитно на германски јазик, започнаа да се јавуваат стотици луѓе ко сакаа да бидат дел од виртуелното место на кое 25 години подоцна повторно ќе се сретнат како посетители на концертот на кој едногласно повикаа на мир.
„Јас до сега веќе со триесетина луѓе разговарав и имресиониран сум со тие приказни, бидејќи луѓето останале оптимисти, идеалисти, задржаа љубов и надеж во себе и тоа ме импресионираше. Во исто време, поучени сме со искуството од она што се случуваше кон крајот на осумдесетите во Југославија, загрижени поради она што денес се случува во Европа. Се враќа национализмот и нив сето тоа ги потсетува на она време. Затоа ми е важно да ги слушнеме тие луѓе, бидејќи мислам дека тие можат нешто да кажат поради нивните искуства и доживувања, нешто што ние не можеме ниту да замислиме.Би било паметно да ги слушнеме", порача Вишевиќ.
Како што рече, до сега дозна дека луѓето со задоволство се сеќаваат на движењето за мир, но и дека меѓу младата генерација малку се знае за него. Напоменува дека на неговите германски колеги, откако дознаа за едно од најголемите движења на овие простори и пошироко, започна да се менува сликата за Балканците и дека разбраа дека и покрај напорите за мир, судирот може секому да му се случи.
„Многу зе зборува за тоа што се случувало во војната и многу е важно да се сеќаваме на тоа, бидејќи тоа не смее да се повтори. Но сликата е комплетна дури доколку се збору како народот пред да се случи војната се бореше против таа војна. Ао ние го заборавиме ова движење кое беше за мир во Југославија,се ќе биде залудно. Луѓето ми викаат беше залудно, бидејќи војната се случи. Тона не е вистина. Единствено доколку забораваме за тоа движење, тоа ќе биде залудно. Имаме можност да зборуваме за тоа движење, да се сетиме низ тоа што ќе си вратиме некое достоинство, гордост и се надевам дека на сите нас ќе ни биде полесно кога ќе видиме во Србинот, Хрватот, муслиманот човек кој не сакал војна", рече иницијаторот на проектот.
Вишевиќ со војната во БиХ и поранешна Југославија директно нема никаква врска, бидејќи е роден и растел во Германија каде имал многу остварувања, додека цело време мислел дека војната на овие простори воопшто не го тангирала. Меѓутоа, голем дел од неговото пошироко семејство живее во Босна и Херцеговина и Хравтска, а неколку членови учествувале во војната. Разговарајќи со нив, почувствува траума и последици од војата која на некој начин, како што истакна, го одразува него и неговите деца.
„Јас никогаш не слушав топ, но војната не ги уништува луѓето кои директно се изложени, ги уништува и пријателите и нивните семејства. Разбрав дека војната не е готова само тогаш кога топовите ќе престанат да пукаат. Секогаш се прашував што треба да се случи за да не избие војната, што погрешно поминало и тоа се уште се прашува откога дознав за движењето за мир", рече Вишевиќ.
-Интересот на тв куќите ширум Европа-
Зборувајќи за деталите од проектот, истакна дека она што екипата која го работи на проектот "Зетра" го практикува е еден нов вид на новинарството кој е отворен со помош на можностите кои денес ги пружа интернетот, а целиот проект ќе се реализира во неколку фази.
„Денес можеме заедно со публиката да истражуваме и да дадеме одговор на тоа прашање. Не треба да бидеме новинари кои истражуваат една работа и на крај нешто да заклучиме, да даеме напис и вие да читате. Не, ние можеме да соработуваме и затоа првата фаза на проектот 'Crowdsourcing' - што значи дека од 28 јуни ќе почнеме да објавуваме приказни во кои сакаме да слушнеме како луѓето се залагале, што правеле, кои се нивните сеќавања на овој концерт. Тие приказни од 28 јуни ќе поченеме да ги објавуваме на веб страницата и од денес во Сараево почнуваме да ги снимаме првите приказни", појасни Вишевиќ.
Додаде дека, освен посетителите на концертот во документарниот филм ќе се појавуваат и уметниците кои тој ден беа на сцената а во контакт е и со актерот, поетот и музичарот Раде Шербеџија, членовите на југословенскиот бенд Плави Оркестар, Хари Мата Хари ...
По првата фаза собирање и објавување на приказните, втората фаза е документарен филм. Вишевиќ истакна дека зад овие приказни сака да направи 1,5 часовен филм и дека кога станува збор за тоа, се во контакт со разни тв куќи во Германија, Франција, Австрија и Швајцарија.
„Добивме писмени потврди дека за документарецот се заинтересирани, сигурен сум дека ќе го направиме до есен. Третата и четвртата фаза се наредната година и за тоа не можеме моментално многу да зборуваме. 'Зетра проект' е нашата цел која ќе трае неколку години, а ова е само почетокот", порача Вишевиќ и уште еднаш ги повика сите оние кои пред 25 години беа во Зетра да се јават преку е-маил zetraprojekt@gmail.com или Facebook страницата и така станат дел од една успешна приказна за мир.
news_share_descriptionsubscription_contact
