Cuneyt Davut
31 Мај 2016•Ажурирај: 01 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во ракмите на меѓународниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан" беше одржана средба со читателите и потпишување на книги на турската писателка Асли Е. Перкер, јавува Anadolu Agency (AA).
На настанот кој беше организаиран од страна на Институтот „Јунус Емре" во Скопје, учествуваа голем број на академици и читатели.
Асли Е. Перкер зборуваше на темата „Пишувањето е половина од пишувањето“, по што писателката ја потпишуваше книгата „Гробишта на џелатите“ на своите читатели.
Директорот на Институтот „Јунус Емре" во Скопје, доцент д-р Мехмет Самсакчи, истакна дека му причинува задоволство да и посака добредојде на истакнатата писателка Асли Е. Перкер, која во Скопје е гостинка на меѓународниот литературен фестивал. Директорот на Институтот, Самсакчи ја претстави познатата турска писателка Асли Перкер, истакнувајќи дека нејзините дела се преведени на повеќе од 30 светски јазици.
„Писателката Асли Перкер дојде во Македонија како гостин на Меѓународниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан. Посакавме, во рамките на нејзината посета на Македонија, таа да биде гостинка и во нашиот институт“, рече директорот на иститутот Самсакчи.
Писателката Перкер во своето обраќање изјави дека пред три години за прослава на својот роденден била гостинка во Скопје, при што во градов се чуствувала како домa.
„Моето прво доаѓање во Скопје пред три години беше случајно, но судбината сакаше моето повторно доаѓање да биде со две мои книги“, рече Перкер, која на аудиториумот му соопшти дека потеклото на нејзините корени е од Балканот, дека поради тоа во Скопје не се чувствува како странец и дека многу ја засакала Македонија.
Директорот на Меѓународниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан, Дејан Трајковски му се заблагодари на Инситутот Јунус Емре за придонесот во организацијата на фестивалот.
„Минатата година Меѓународниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан имаше чест да го има за гостин турскиот писател Ахмет Умит. Оваа година наш гостин е писателката со најголем број преводи, Асли Перкер. Покрај тоа, госпоѓата Асли Перкер, како нашата гостинка е писателка која привлече најголем интерес меѓу писателите кои дојдоа од странство“ , истакна Трајковски.