Halil Şahin
18 Декември 2015•Ажурирај: 20 Декември 2015
ИЗМИР (АА) - Макетата на бродови кои обележаа разни историски епохи, антиквитети и слики на познати сликари, изложени се во Центарот за историја на морепловството „Аркаш“ во Измир, Турција, со својата автентичност ги навраќа посетителите во минатото и на интересен начин ги води низ историјата на морепловството, јавува Anadolu Agency (AA).
Центарот е отворен во 2012 година, а се наоѓа во зграда направена во почетокот на XIX век. Посетителите може да видат 115 макети на бродови, кои се стари над 30 години, 113 делови и антиквитети на одредени бродови, како и 107 слики.
Меѓу макетите на бродови се наоѓаат и оние кои ги претставуваат бродовите од времето пред новата ера, но и оние од XVII век. Меѓу другото, вниманието го привлекуваат и макетите на бродови на морепловецот Кристофер Колумбо.
Тука се и макетите кои пловеле во XVII, XVIII, XIX i XX век. Секој век и макети имаат посебно место на кое се изложуваат.
Посебно внимание, покрај воените, привлекуваат и макетите на бродови направени со посебна намена. Така, може да се видат макетите на бродови користени како светилишта или како болници.
Директорката на центарот Бетул Аксој за АА кажа дека секоја макета е нарачана од експерти кои се занимаваат со изработка на макети и дека се посветува големо внимание и на најситните детали за поверодостоен изглед на макетите.
„Посетителите се посебно заинтересирани за јахтата „Savarona“, бродовите на Колумбо и античките бродови, додаде Аксој.
Меѓу макетите се истакнуваат макетата на бродот „Great Western“ кој е изграден во 1837 година за препловување на Атлантикот, „Great Britain“ како прв прекуокеански брод со железен труп и пропелер кој би можел да го преплови океанот, „Titanic“, и бродовите на османлискиот султан Селим I, како и многу други.