Ekip
24 Декември 2015•Ажурирај: 25 Декември 2015
ПРИШТИНА/ТИРАНА/СКОПЈЕ (АА) - Божиќ е семеен празник, време кога семејството е заедно, членовите на потесното семејство, родителите и децата се собираат и заедно ги анализираат 12-те месеци од минатата година, но и разговараат за очекувањата во наредната година, зборувајќи за тоа како ќе ја дочекаат и што ќе прават. Ова го велат католитичките верници во разговор за Anadolu Agency (AA) во пресрет на нивниот празник Божиќ за кој се вели дека го претставува ,,Христовото раѓање" .
"Тоа е времето на она што се нарекува "Христово раѓање", несекојдевен момент кога луѓето се заедно и ја покажуваат љубовта едни кон други" , рече Ѓерѓ Антон Филипај од Приштина, со потекло од Улцињ, кој од 1999-та година, кратко време по завршувањето на студиите во Тирана дојде да живее и работи во Приштина, каде што оформил семејство.
Ѓерѓ раскажува за подготовките за Божиќ, кои почнуваат со украсувањето на елката и нивниот стан за ден на Св. Никола , а потоа, во пресрет на големиот празник се подготвува специфичната празнична трпеза, различна од другите денови во годината.
"Обично навикнати сме на трпеза да има мисирка, за време на празниците, Божиќ и Нова Година, но понекогаш ја правиме трпезата која луѓето ја правеле од порано, во минатото, пред комерцијализацијата, што би значело, една чаша црвено вино, било каков вид на риба", вели Ѓерѓ Филипај.
И Католичките верници во Македонија, исто така, со нетрпение го чекаат празникот Божиќ кои подготовките ги почнаа порано.
Како што раскажува за АА, Емануел Петри од Скопје, празникот Божиќ започна пред четири недели и е познат како "Период на раѓањето", бидејќи пред Божиќ се прави венец на која се ставаат четири свеќи, и секоја недела по една од нив се пали. Тоа е еден карактеристичен период за Божиќ и верниците се обидуваат да им помогнат на сиромашните и на другите луѓе што имаат потреба од помош.
"Имаме традиционален оброк, пченица со млеко и готвење на пита во која се става паричка и на оној кого му паѓа паричката во текот на поделбата на лебот, се верува дека тој ќе има среќа во текот на годината", рече Емануел, кој објасни дека прославата ќе кулминира во централната трпеза во црквата за Божиќната ноќ.
И во Албанија, речиси во секој град се слави Божиќ. Но, главниот град Тирана е епицентарот на овие прослави, како за верниците Католици, така и за оние од христијанската вероисповест.
Зои Ѓоклај од Тропоје, кој живее во Тирана, за АА кажа дека Божиќ е најголемиот празник за сите католици во светот. Но тој рече дека слават и Нова Година.
"Подготовките за време на празниците се традиција, желба и можност. Но срдечно се подготвуваме за Божиќ. За овие празници правиме традиционални јадења, како што се баклавата, разни пити и печено месо. Таа вечер во 12 часот ги палиме свеќите", рече Ѓоклај.
И христијанските верници се посетуваат меѓу себе за Божиќните празници. За неколку дена и тие ќе уживаат во празничната атмосфера.