Bekim Laci
23 Декември 2015•Ажурирај: 26 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) – Во присуство на љубителите на книгата, особено љубителите на историографијата, во организација на “Фондацијата Отворено Општество” промовиран е вториот том на книгата “Сеќавања од животот” од Екрем бег Влора, јавува Anadolu Agency (АА).
Освен тоа што го опишува бурниот и интересен живот на овој албански функционер од Отоманскиот период, книгата содржи и ретки записи за Албанците, Албанија, Македонија и регионот.
Историчарот Драги Ѓеоргиев, говорејќи за личноста на Екрем бег, на македонската јавност ѝ порача дека станува збор за еден од последните аристократи во Албанија, класа која изгасна по доаѓањето на комунистите на власт.
„Станува збор за личност која восхитува со факти, со податоци, со настани“ , рече меѓу другото Ѓеоргиев, а за книгата истакна дека станува збор за дело кое се темели на факти а не на митови.
“При читањето на оваа книга не можете да побегнете од реалноста, тука има многу информации од многуте личности и настани што имале одлучувачка улога во историјата на независноста на Албанија од 1912 година па наваму. Нема личност или семејство што тој не ги спомнува во својите мемоари”, рече Ѓеоргиев.
Аналитичарот, Роберт Несими, во својство на читател, на македонската јавност ѝ го објасни ставот на Екем бег Влора за Македонците, за кои тој рекол дека не се Срби, ниту Бугари туку дека се група која се изјаснува како Македонци и дека така треба да бидат прифатени.
“Кај мене има оставено длабок впечаток и предизвика вистинска револуција за тоа како јас ја имам разбрано албанската историја и историјата на Отоманската империја и на Балканот”, рече Несими.
Енгин Чека, политички научник од Албанија рече дека оваа книга е вистинско историско богаство.
“Екрем бег Влора е член на албанско-отоманските Големи порти, и како надбљудувач и како актер на политичките промени на екстремните векови на Отоманската империја како целина, особено на Балканот”, речетој, истакнувајqи дека неговиот приватен живот не треба да се одвои од неговиот политички ангажман и општествената дејност.
Инаку, Екрем бег Влора, неговите мемоари ги напишал на германски јазик, кои не биле довршени поради неговата ненајдена смрт. Првиот том од оваа книга беше објавен во 1966, а вториот, кој денеска се промовираше на македонски јазик, во 1973 година