Agim Sulaj,Eren Beksaç
28 Јули 2023•Ажурирај: 31 Јули 2023
ПРИЗРЕН (АА) – Уметници од Северна Македонија настапија во живо со скулпторски перформанс пред граѓаните во Призрен, Косово, јавува Анадолу.
Уметниците на театарската продукција на Северна Македонија „Театроск“ ги обоија телата со бои и со часови стоеја без движење на познатиот плоштад Шадерван во Призрен.
Ваквиот настап на улична уметност со живи статуи предизвика интерес кај жителите на Призрен и туристите во овој град, особено кај децата.
Театарската продукција „Театроск“ настапува во различни европски земји, како и на Фестивалот на скулптурата „Статуафест“ што секоја година се организира во Скопје.