Gorana Jakovljevic
30 Јуни 2023•Ажурирај: 02 Јули 2023
АНТАЛИЈА (АА) - Меѓународниот фестивал на скулптури од песок привлекува локални и странски посетители во турската област Анталија со огромните скулптури од кои застанува здивот, јавува Анадолу.
Фестивалот годинава се одржува по 18. пат, а негова тема е „Вселенска авантура“.
Посетителите можат да видат скулптури поврзани со Леонардо да Винчи, Галилео, браќата Рајт, браќата Монтголфие, Хазерфен Челеби, Зеплин, првиот човек во вселената, Јуриј Гагарин, првиот човек на Месечината, Нил Армстронг, Колумбија Спејс шатл, Спејс Икс Драгон 2 Капсула, Спејс колонијата на Марс, како и планетите во Сончевиот Систем.
На изложбата се претставени многу херои од филмови, како „Војна на ѕвездите“, „Ѕвездени патеки“, „Вол-И“, „Аватар“, „Чувари на галаксијата“ и „Петтиот елемент“.

„Нашите посетители можат да видат сè за вселенската авантура на човештвото“, рече директорот на фестивалот, Џем Карача, додавајќи дека ова е еден од најголемите настани од овој тип во светот.
Скулптурите во изложбениот простор се осветлени со ЛЕД-системи во текот на ноќта, со адекватна музика, а овој простор станува магична средина.
Секоја година уметници од целиот свет кои изработуваат скулптори од песок, се собираат за да обликуваат 10.000 тони песок, на површина од 7.000 квадратни метри по должината на плажата Лара.
„Анталија Сендланд“, изложбен простор на скулптури од песок, може да се посети во текот на целата година, а се организираат и разни изложби.