Aynur Ekiz
22 Април 2016•Ажурирај: 23 Април 2016
АНТАЛИЈА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека доживеале пораз оние кои мислеа дека стабилноста на Турција може да се наруши со шпекулациите од пет до десет милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган им се обрати на граѓаните на турскиот град Анталија во малото место Кепез, на церемонијата на свечено отворање на повеќе различни објекти. Заедно со Ердоган во Анталија, престојува и премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу.
„Знам дека се исти грчевите зад сè поострите изјави и одлуки на Европскиот парламент против Турција. Мислеа дека Турција ќе остане прегазена со сè почестите општествени и политички проблеми. Бидејќи во деведесетите, 2000-те (години) работеа на тој начин и успеаа. Но, овој пат не им појде од рака, бидејќи Турција веќе не е онаа стара Турција", изјави Ердоган.
Ердоган, исто така, потсети и на економските показатели на раст на Турција.
„Оние кои мислат дека Турција е земја чија стабилност може да се наруши со шпекулациите од пет до десет милијарди долари, празните закани и дипломатски сплеткарења, доживеаа пропаст", порача Ердоган.