Handan Kazancı
20 Мај 2018•Ажурирај: 21 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Во првите четири месеци од 2018 година музеите и археолошките места во Турција ги имаат посетено над 6 милиони лица, се вели во податоците на турското Министерство за туризам и култура, јавува Anadolu Agency (AA).
Вкупно 6.400,957 лица ги имаат посетено музеите и археолошките места кои работат во рамките на турското Министерство, откриваат податоците.
Со повеќе од 2 милиона музејски посетители, Истанбул е најпосетуван град, по што следуваат турските централни анадолски области Коња и Невшехир со 757,993 посетители и 699,805 посетители.
Најпосетуван музеј во Турција е „Топкапи Сарај“ со 830,588 посетители.
Втор најпосетуван музеј во Турција е „Аја Софија“ во Истанбул, со 775,161 посетител, а трет, „Мевлана Руми“ во Коња, со 717,158 посетители.
Во 2017 година музеите и археолошките места низ Турција ги имаат посетено вкупно 20.509,746 посетители.