Ali Kemal Akan
14 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - АЛИ КЕМАЛ АКАН - Во последните седум години во Сирија владее најголемата хуманитарна криза во светот, додека бројот на сириските бегалци кои дошле во Турција се искачи на 3.506.532 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Над 500 илјади лица загинаа, а над 5 милиони Сиријци беа принудени да ја напуштат својата земја поради граѓанската војна која започна во 2011 година во Сирија. Исто така, седум милиони Сиријци се раселени во рамките на Сирија, и принудени се да живеат во различни региони од земјата.
Илјадници мигранти загинаа во Средоземното и Егејското Море, а откривањето на безживотното тело на бебето Ајлан го актуелизираше прашањето за загубените животи на патот кон Европа.
Отварајќи ги своите врати за милиони лица кои бараа засолниште од граѓанската војна во Сирија, Турција го спречи страдањето на овие лица од барелните бомби и хемиското оружје.
Во координација со Управата за вонредни состојби при турската влада (AFAD), Турција им понуди нов живот на сириските бегалци кои бегаа од војната.
Турција им понуди помош според стандардите на Обединетите нации (ОН) за да ги залечи раните на сириските бегалци, со цел тие да продолжат со животот.
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од податоците на АФАД, вкупниот број на сириски бегалци во Турција изнесува 3.506.532 лица.
Во привремените центри за засолнување во градовите како Хатај, Газиантеп, Шанлиурфа, Килис, Мардин, Кахраманмараш, Османије, Адијаман, Адана и Малатија се наоѓаат 227.894 бегалци од Сирија и 6.488 бегалци од Ирак, додека останатите 3.272.150 бегалци го продолжија својот живот во скоро сите градови ширум Турција, пред сè во градовите покрај границата.
Сириските бегалци добиваат засолниште, безбедност и здравствени услуги. Во камповите се обезбедени и стручни курсеви, а се водат и кампањи за подигање на свеста против бракот на млада возраст.
Бројот на сириски деца кои Турција ги вклучи во образовниот процес изнесува 612.603 деца.
Податоците за здравствените услуги ширум земјата покажуваат дека досега се понудени 31.449.800 поликлинички услуги.
Само Турција пружа засолниште на повеќе од половината од вкупниот број сириски бегалци во светот. Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР) ја прогласи Турција за земја-домаќин на најголем број бегалци во светот, додека УНИЦЕФ ја прогласи за земја-домаќин на најголем број деца-бегалци во светот.
Според соопштеното, Турција потрошила 30 милијарди 285 милиони и 573 долари за различни услуги за сириските бегалци.