Zülfiya Yakup
15 Мај 2016•Ажурирај: 16 Мај 2016
ПРИШТИНА (AA) - Српскиот партријарх Иринеј служеше денес света архијерејска литургија во Соборниот храм Свети Геогрие во Призрен. По литургијата, патријархот на Српската паравославна црква (СПЦ) прошета низ улиците на Призрен заедно со епископите и останатите поканети гости, јавува Anadolu Agency (AA).
Патријархот по доаѓањето во Богословијата го изврши чинот на осветување на обновените згради на Богословијата на Свети Кирил и Методиј во Призрен. Патријархот Иринеј во таа прилика го повика српскиот народ кој опстана на Косово да остане и понатаму таму каде живееле нивните предци и таму каде се гробиштата на нивните предци, пренесува Српската православна црква.
Патријархот го освети и споменикот на основачот на Призренското богословие Сима Андрејевиќ (1871). Учениците на богословието потоа приредија пригодна програма и патријархот Иринеј ги додели најголемите одликувања на Српската православна црква на институциите и поединците кои придонесоа во обновувањето на Богословијата.
Призренската Богословија беше потполно запалена во нередите во 2004 година. Обновата започна 2005 година и благодарејќи на средствата на Европската комисија, Владата на Србија, Норвешката Влада, Сретењскиот манастир од Москва, Меѓународната православна хуманитарна организација и другите донатори, целиот комплекс е во потполност обновен. Училиштето започна со работа 2011 година со 11 ученици. Моментално во ова училиште живеат и работат 52 ученици и 10 наставници.
На свеченоста во Призрен, покрај српскиот патријарх Иринеј, домаќинот екипскопот на Рашка и Призрен Теодосиј и другите епископи на СПЦ, присуствуваа и министерот за правда на Србија Никола Селаковиќ, директорот на Канцеларијата за Косово на Владата на Србија Марко Ѓуриќ, амбасадорот на Норвешка во Косово Јан Братх, командантот на КФОР, генералот Луиџи Милијета со соработниците, претставниците на дипломатскиот кор и меѓународните организации, како и претставници на верските заедници.