Zülfiya Yakup
23 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
ПРИШТИНА (АА) - Премиерот на Косово, Иса Мустафа и заменикот турски премиер Нуман Куртулмуш, денес учествуваа на церемонијата на свечено отворање на Конзулат на Турција во Призрен, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата присуствуваа и министерот од Владата на Косово од редовите на турската заедница Махир Јагџилар, турските пратеници во Собранието на Косово, Фитим Данка и Муфера Синик, амбасадорот на Турција во Косово Кивилчим Килич, генералната конзулка на Турција во Призрен Селен Евџит и бројни личности од Призрен.
Како што е соопштено од Владата на Косово во текот на церемонијата оценето е дека односите помеѓу двете земји се многу добри и изразена е заемна посветеност за продолжувањето на соработката.