Dzihat Aliju
26 Октомври 2017•Ажурирај: 27 Октомври 2017
СКОПЈЕ (АА) - Вечерва во Салонот на Музеј на Македонија Скопје беше отворена изложбата на женски носии од Османлискиот период во Македонија се организира во заедничка соработка на Институт „Јунус Емре" - Турски Културен Центар во Скопје и Музеј на Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на Институтот „Јунус Емре" во Скопје, Шемсеттин Шекер, во изјава за медиумите нагласи дека тие како институт во различни места во светот реализираат различни активности од аспект на јазикот, уметноста и науката.
Шекер рече дека како што на турските граѓани им ги промовираат културите на земјите во кои реализираат активности, така и во другите земји се обидуваат да ја промовираат турската култура, богатствата во јазикот, културата, уметноста и науката. Тој додаде дека во рамките на оваа цел, соработуваат со различни институции во Македонија.
„Ако гледаме во облеката, материјално културните елементи на оваа изложбата, можеме да забележиме дека различните етникуми во Македонија како Македонци, Албанци, Срби, Власи, Бошњаци всушност се поврзани со заеднички обичаи, традиции, и естетика. Благодарение на оваа изложба, имаме цел да ги промовираме заедничните вредности, како и отстранување на некои предрасуди против историјата“, истакна Шекер.
Пораката што праќа Музејот на Македонија заедно со Јунус Емре е да кажеме да го потенцираме она што не обединива, рече в.д. директорот Гордан Николов.
„Она што не обединува во минатото и сега е модата. Тоа се жените, мајките, тоа е она што е идентитетот заеднички на ова држава и на овие простории. Модата во 19 и 20 век е симбол на сите етнички заедници на овие простории бидејќи овие носии овие облеки што ги гледате ги носеле како муслиманките така и христијанките. Преку оваа порака сакаме да го потенцираме заедништвото, заедничкиот момент кој што сме го имале и го имаме денеска. Тоа е основната порака", порача во својата изјава Николов.
Според организаторите изложбата ќе биде одраз на културното богатство на Османлиската цивилизација во Македонија.
На вечерашниот културен настан присуствуваа бројни претставници на турски институции и организации во земјава, како и бројни граѓани љубители на историјата и традицијата.
Најавено е дека изложбата ќе биде отворена за посета во период од еден месец.