Admir Fazlagic
15 Септември 2016•Ажурирај: 16 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Со настап на пејачот Тајзи и групата „Kida&Mozzik“ вечер во 21 часот на плоштадот „Филип Втори“ започна десеттото издание на културната манифестација „Звуците на чаршијата“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во наредните два дека во Старата скопска чаршија во рамки на манифестациите „Звуците на чаршијата" и „Сите заедно“ ќе бидат одржани бројни концерти, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на занаети.
За вториот ден од манифестаицијата, петок, 16 септември, во 12 часот , присутните ќе се забавуваат со Dens, а потоа во изведба на староградси македонски песни, во настапот на група на млади музичари на класични инструменти. Исто така, во рамките на културната манифестација ќе бидат одржани и ликовна колонија, ќе настапат културно уметнички друштва и ќе се одржи литературна вечер до 20 часот, додека од 21 до 24 часот на плоштадот Филип Втори, ќе се одржат настапите на: Банд, Full Stop, DhurataDora, McKresa&Lirical son.
Организатор на манифестацијата е Град Скопје кој за реализација на „Звуците на чаршијата“ издвои 900.000 денари, а за „Сите заедно“ 400.000 денари.
Инаку, „Звуците на чаршијата“ е мултимедијална и мултикултурна манифестација којашто годинава се одржува по 10 пат и има за цел да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје и да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини, но и да даде придонес кон континуираните активности на Градот Скопје за ревитализација на Старата скопска чаршија.