Dejan Maksimoviç
15 Април 2016•Ажурирај: 18 Април 2016
САРАЕВО (АА) - Кон крајот на август оваа година ќе почне снимањето на филмот "Последна епоха" (The Last Epoch), прв игран филм за геноцидот во Сребеница. Приказна која германскиот државјанин со турско потекло, Вејсел Атасевер, како сценарист и режисер ќе се обиде да ја пренесе на платно. Станува збор за филм кој низ три перспективи ќе се обиде да му ја пренесе вистината на светот за случувањата во Сребреница 1995 година, но и да го прикаже периодот на 20 години по геноцидот и како случувањата влијаеа на три карактери, односно главни ликови во филмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Атавесер пред две години одлучи да снима филм за геноцидот кога на телевизија го гледал одбележувањето на годишнината на Сребреница.
"До тогаш, иаку сум роден и живеам во Германија, не знаев ништо за геноцидот во Сребреница. Тоа ме поттикна да истражувам уште повеќе. Кога прв пат отидов во Сребреница и ги запознав луѓето таму, ја доживеав нивната трагедија. Тогаш сфатив дека тие луѓе почнувам да ги сакам. Одлучив дека всушност моја човечка должност ми е да снимам филм", изјави Атасевер.
Филмот ќе го продуцира фирмата Алемар со седиште во Анкара, чија сопственичка е Фунда Ајан, исто така Германка со турско потекло.
"Филмот ќе се снима во Сребреница, Германија и еден мал дел во Холандија. Ова е 'allround film' бидејќи ќе се снима во две временски зони. Првиот дел ќе биде на босанските јазици, а другиот дел на англиски јазик. До тој закучок дојдовме затоа што имаме глумци од воените земји, БиХ, Германија и Турција. Филмот ќе трае од два до два и пол часа", изјави Ајан.
Инспирацијата за филмот, режисерот и сценаристот Атавесер, ја пронајде во Хатиџа Мехметовиќ.
Главната улога во филмот ќе ја игра Мерсиха Хусагиќ, германска глумица со босанско потекло. Хусагиќ е родена во Бијелина 1989 година, при што три години подоцна заминала во Германија заедно со својата фамилија.
Во филмот ќе бидат користени фотографии од Ахмед Бајриќ, кој во 1995 година во слободната зворничка територија ги фотографирал Сребреничаните кои успеале да се пробијат низ обрачот на Војската на РС и да го спасат својот живот.
"Последна епоха" ќе биде филм кој ќе се снима во две временски зони, 1995 год. во времето на геноцидот во Сребреница и 20 години подоцна. Приказната ќе се одвива од три перспективи. Првата е од перспектива на девојка која ја напуштила БиХ и по 20 години дознава дека нејзините родители се убиени во војната. Втората приказна е од аголот на Хатиџа Мехмедовиќ, преживена Сребреничарка која во геноцидот изгубила се и третата е од перспектива на војник на Обединетите нации кој бил сведок на случувањата во Сребреница.