Adis Karaca,Senita Şeherçehayiç
24 Март 2016•Ажурирај: 24 Март 2016
ХАГ (AA) - Првиот претседател на Република Српска Радован Караџиќ денес во Хаг е осуден за злосторничко здружување за опсадата на Сараево од 1992-1995 година за кое сноси и индивидуална кривична одговорност, јавува Anadolu Agency (AA).
Второто злосторничко здружување за кое Караџиќ е обвинет е опсадата на Сараево и злосторствата направени од 1992 - 1995 година во текот на опсадата на главниот град на БиХ. Судскиот совет јасно заклучи дека цивилите биле директна мета на Сараевско-романијскиот корпус на Војската на Република Српска како што го илустрираат снајперскиот инцидент или беа изложени на неселективен и прекумерен оган како кога СРК фрлаше авио бомби и фрлаше гранати на локациите каде што се собирале цивилите.
Тричлениот судски совет ги отфрли обвиненијата дека силите на босанските Муслимани намерно ги гаѓале своите цивили за да предизвикаат меѓународна интервенција.
"Обвинетиот сноси индивидуална кривична одговорност за убиствата, противправен напад на цивилите и ширење на теророт како кршење на законите или обичаите на војување и за убиство како злосторство против човечноста", пресуди судскиот совет.
- Караџиќ не е виновен за геноцид во седум општини во БиХ
Судскиот совет на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, на денешното судење, претходно, одлучи дека Караџиќ не е виновен за геноцид во седум општини во Босна и Херцеговина.
„Советот не се увери дека единствениот разумен заклучок е постоењето на намера за уништување на босанските Муслимани и Хрвати и дека нема докази надвор од разумното сомневање да заклучи дека во тие злосторства е извршен геноцид”, соопшти денес во Хаг претседатвачот со Судскиот совет О-Гон Квон.
Во точката 1 од обвинението Караџиќ беше обвинет за учество во здружен злосторнички потфат за трајно отстранување на босанските Муслимани и Хрвати од подрачјето на БиХ, за кое босанските Срби тврдеа дека имаат право.
„Намерата тие групи, делумно да се уништат е манифестирана на најекстремен начин во Братунац, Фоча, Приједор, Сански Мост, Власеница и Зворник”, стоеше во обвинението. Судскиот совет заклучи дека обвинетиот за седумте општини сноси индивидуална кривична одговорнот за прогон, истребување, убиства, депортација и присилно преместување како злосторство против човештвото и убиства како кршењето на законот и начинот на војување. „Советот не се увери дека е извршен геноцид и обвинетиот не се прогласува за виновен за геноцид по точката 1”, соопштено е денес во Хаг.