Ekipa
21 Ноември 2016•Ажурирај: 22 Ноември 2016
ФИЛАДЕЛФИЈА (АА) - На денешен ден во 1976 година беше прикажан легендарниот филм „Роки“, најпознат филм за боксот во историјата на кинематографијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пред 40 години, „Роки“ пред публиката од целиот свет ја претстави приказната за подемот на Роки Балбоа, скромниот боксер од Филаделфија чиј лик го претстави актерот Силвестер Сталоне.
Сталоне првата верзија на сценариото на филмот ја напиша за 20 часа, инспириран од легендарниот дуел меѓу Мухамед Али и Чак Вепнер.
Продуцентите го прифатија неговото сценарио и беа подготвени за него да платат 125.000 долари, но сакале главен актер да биде некој од тогашните холивудски великани.
Тогаш анонимниот Сталоне го дозволил снимањето на филмот под ултимативен услов, тој да биде главниот лик. Тоа беше прво од вкупно шесте филмски продолженија за Балбоа во режија на Џон Г. Авилдсен.
„Роки“ во тоа време беше снимен со буџет помал од еден милион долари, по што заработи повеќе од 225 милиони долари. Филмот освои и три престижни Оскари, вклучувајќи го оној за најдобра фотографија, најдобар филм и најдобра режија.
Една од највпечатливите сцени од Роки, којашто влезе во филмската историја, е онаа во која Балбоа трча по скалите на Музејот на уметноста во Филаделфија, каде што победнички ги крева рацете и скокнува. Денес на тоа место, 40 години подоцна, стои скулптура на славниот филмски јунак.
Пораката на филмот е да не се откажуваме и покрај неволјите, животната борба и да веруваме во себе.
Роки Балбоа стана симбол на храброста, одлучноста и истрајноста, а спортската драма доби уште пет продолженија: Роки 2, Роки 3, Роки 4, Роки 5 и Роки Балбоа, кој требаше да биде последен во низата, но во 2015 е снимено ново продолжение „Кредо“ (Creed).