АНКАРА (АА) - Продолжува пријавувањето за меѓународниот натпревар за најдобра фотографија „Истанбул фото авордс 2017“, кој по третпат го организира Anadolu Agency (AA). Пријавувањето завршува на 31. јануари, а вниманието го привлекуваат членовите на жири-комисијата, кои се светски познати на полето на фотографијата.
Членови на меѓународната комисија на ова натпреварување, како и во претходните години, се лица познати во областа на фотографијата. Мерион Мертенс, директор за дигитален печат на списанието „Паиз Меч“, Јури Козирев, кој е дел од фотоагенцијата „ХООП“, спортскиот фотограф на „Гети имиџис“, Камерон Спенсер и победникот на „Истанбул фото авордс 2016“ за единечна фотографија и истовремено добитник на Пулицеровата награда за фотографија, Сергеј Пономарев се членовите на жири-комисијата за 2017 година.
- Искусна директорка за печат на „Париз Меч“
Мерион Мертенс, директор за дигитален печат на списанието „Парис Меч“, во списанието работи од 1998 година досега. Мертенс сега раководи со интернет секторот и со мобилните апликации на списанието, а претходно 15 години работела како помошник уредник за вестите во ова списание. Мертенз својата кариера ја започнала во „Гама прес имиџис“, а пред да прејде во „Парис Меч“, работела во „Ле фигаро“, „Л’експрес“ и во „ВСД“.
- Професионален спортски фоторепортер на „Гети имиџис“, Камерон Спенсер
Успешниот фоторепортер на „Гети имиџис“, Камерон Спенсер е дел од жири-комисијата на „Истанбул фото авордс 2017“. Спенсер од 2004 година досега работи како професионалец на полето на спортска фотографија и портрет-фотографија. Значајни ќе бидат коментарите на овој познат фотограф при квалификациите во категориите за единечна фотографија и сериски фотографии од областа спорт.
- Од „Истанбул фото авордс 2016“ до Пулицер
Фотографијата именувана како „Бегалци“ на рускиот фотограф Сергеј Пономарев на „Истанбул фото авордс 2016“ ја доби првата награда во категоријата единечна вест. Со истата фотографија Пономарев ја доби и Пулицеровата награда. Оваа година тој е дел од жири-комисијата на „Истанбул фото авордс 2017“.
Во периодот од 2003 го 2012 година, Пономарев работеше за „Асошиејтед прес“, а својата кариера ја продолжи во „Њујорк тајмс“. Во 2015 година, за фотографијата што ја прикажува драмата во Газа ја освои наградата „Ворлд прес“. Пономарев е познат по своите фотографиии коишто во преден план ја покажуваат руската култура и секојдневниот живот во Русија. Во својата кариера Пономарев има освоено голем број национални и меѓународни награди.
Познатата кураторка за мултимедијални проекти Лиза Фактор, АФП директорот за дистрибуција на фотографии и развој на бизнисот Мајкл Ското, директорот на шангајскиот центар за фотографија, добитник на Пулицерова награда, фоторепортерот Ли Хеунг Шинг, фоторепортерот и консултант за визуелни медиуми, Жорж де Керле, главниот и одговорен уредник за визуелните вести на АА, Ахмет Сел, и уредникот на фотографија на АА, Фират Јурдакул се останатите членови на жири-комисијата на овој натпревар.
Главниот и одговорен уредник на визуелните вести на АА, Ахмет Сел истакна дека и оваа година натпреварот „Истанбул фото авордс“ успеал да формира жири-комисија од признати меѓународни имиња.
„Покрај фоторепортерите Јури Козирев, Сергеј Понамарев и Камерон Спенсер, кои во последните години ги изработија најпризнатите фотографии на полето на вести и спорт, член на жири-комисијата на ‘Истанбул фото авордс’ е и Мерион Мертенс, директор за дигитален печат на списанието ‘Париз Меч’, најголемо списание за вести во Франција“, додава главниот и одговорен уредник Сел.
Мерион Мертенс е една од актерите кои ја даваат насоката на фотографска вест во Франција и е директорка на списанието „Париз Меч“, кој ја одредува агендата на фотографијата во меѓународните вести. Искусната уредничка Мертенс успеа да ја издигне интернет-страницата на „ПАриз Меч“ до ниво таа да биде следена од милиони читатели од целиот свет. Таа е позната по својата бескомпромисност кон дигиталните и фотографски вести и се надева дека еден ден „Париз Меч“ дигитал ќе успее фотографиите на фоторепортерите да ги објави во емисија во живо.
Корпоративниот директор за комуникации на АА, Есра Киречџи потсети дека „Истанбул фото авордс“ се организира по третпат. Киречџи истакна дека веќе трета година членовите на жири-комисијата, учесниците во натпреварот и финалните резултати се од високо ниво, и додаде: „Во 2015 година, во првата година од ова натпреварување, наградата ‘Фотографија на годината’ ја доби Даниел Берехулак, кој веднаш потоа ја освои и Пулицеровата награда и беше член на нашата жири-комисија во 2016 година. Минатата година, во категоријата единечна вест, првото место го освои рускиот фоторепортер Сергеј Пономарев, кој со истата фотографија ја освои и Пулицеровата награда. Тоа претставува голема гордост за нас како натпреварување кое постои само три години и може да се забележи дека членовите на нашата жири-комисија го следат пулсот на светот“.
Киречџи изјави дека посакува ова натпреварување да стане традиционално. „Планираме, колку е тоа можно, првопласираниот натпреварувач на натпреварот да биде член на следната жири-комисија“.
- Резултатите ќе бидат објавени во март
„Туркиш ерлајнс“ е официјален спонзор на „Истанбул фото авордс 2017“, поддржан и од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). Жири-комисијата во март ќе се собере на едно место, оценуваќи ги фотографиите што пристигнаа од голем број места од светот.
По селекцијата, жири-комисијата ќе ги оценува фотографиите според содржината, естетиката и техниката и ќе ги изберат фотографиите што на најмоќен начин ги прикажуваат настаните во светот коишто ја одбележаа 2016 година.