Erdoğan Çağatay Zontur
06 Февруари 2019•Ажурирај: 07 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Anadolu Agency (АА) го објави својот Годишник за најзначајните случувања во светот во 2018 година.
Покривајќи ги клучните настани со факти, статистики и податоци, Годишникот за 2018 година, објавен на турски, англиски и арапски јазик, е пуштен во продажба низ книжарниците и онлајн.
Тој хронолошки ги обработува значајните настани од 2018 година во Турција и во светот, од политиката и уметноста, до економијата, спортот, науката и здравјето, со впечатливи слики направени од фоторепортерите на Anadolu Agency.
Меѓу настаните од Турција се вклучени турската операција „Маслинова гранка“ во северозападна Сирија, борбата против терористичката организација ФЕТО, претседателските избори што го отворија патот за новиот систем на уредување и отворањето на дел од новиот аеродром во Истанбул.
Трилатералниот самит за Сирија помеѓу Турција, Русија и Иран, проектите за нуклеарната централа „Акују“ и „Турски тек“ меѓу Русија и Турција, отворањето на проектот за Трансанадолискиот гасовод (TANAP) и убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, исто така, се вклучени во Годишникот за 2018 година.
Во меѓувреме, преместувањето на американската Амбасада од Тел Авив во Ерусалим, самитот на американскиот претседател, Доналд Трамп, со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, протекувањето на податоците од компанијата „Фејсбук“, првиот претседател на Куба, надвор од фамилијата Касто, во последниве 60 години, Брегзит, палестинскиот отпор, шумските пожари во Калифорнија и протестите на „жолтите елеци“ во Франција се дел од меѓународните настани во Годишникот на АА.