Ömer Ertuğrul
21 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
ЈОЗГАТ (AA) - Нарин Ишик (52) од турскиот град Јозгат ја отвори својата втора изложба слики, иако слика користејќи ја само устата бидејќи е лице со инвалидитет и не може да ги користи ниту рацете ниту нозете, јавува Anadolu Agency (AA).
Ишик слика на начин што со уста држи моливот, а на своите слики, со кои привлекува големо внимание на јавноста, највеќе користи маслена техника.
Во својот град ја отвори изложбата која се состои од 103 слики, а на свеченото отворање присуствуваа градоначалникот Џелал Косе, бројни градски функционери и граѓани.
Косе во обраќањето истакна дека ова е многу вредна изложба на слики, напоменувајќи дека Ишик е симбол на упорноста и решителноста за многумина луѓе.
„Госпоѓа Нарин направи нешто што повеќето нас не би можеле да го направат ниту со сопствени раце", рече Косе.
Директорот на Агенцијата за труд и социјала Абдулах Несели рече дека Ишик на многумина им покажала дека никогаш во животот не треба да се откажат од своите цели и желби.
Авторката на сликите во обраќањето истакна дека на своите слики сакала да го изнесе својот внатрешен глас.
„Телото ми е потполно парализирано, но мозокот и душата ми се живи. Изложбата се состои од 103 слики. Веќе 11 години се бавам со сликарство. Сликањето навистина ми донесува внатрешен мир. Тешко е да се се сликаат само устите, но тоа го работам со голема љубов", рече Ишик.
На крајот им порача и на другите лица кои се во слична ситуација како и нејзината никогаш да не откажуваат од своите цели.
„Лицата со инвалидитет во своите глави можат да го градат својот мир. Можам да изберам некоја цел и да се фокусирам на него. Не треба да говорат зошто токму јас сум во оваа состојба", човекот секогаш мора да размислува да оди напред. Јас одам напред со мислите, а не со тело", рече Ишик.