Husamedin Gina
07 Март 2019•Ажурирај: 09 Март 2019
СКОПЈЕ (АА) – Здружението на турски невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ) вечерва ги промовираше стручните курсеви на Oпштина Коња, (КОМЕК) како што се свирење на традиционалниот турски музички инструмент неј, везење, цртање на дрво и хартија и релјеф на хартија, подржани од Турската агенција за координација и соработка (ТИКА), јавува Anadolu Agency (AA).
На промоцијата присустуваше координаторот Турската агенција за координација и соработка (ТИКА) во Скопје, Ајтекин Ајден.
Во изјавата за медиумите, Ајтекин истакна дека курсевите подржани од ТИКА истовремено се започнати во Косово и во Босна и Херцеговина.
„Ние особено сакаме да дадеме придонес на учеството на жените во економскиот живот. Исто така со развивање на овие рачни вештини, сакаме производите да ги направиме достапни до пазарот и на крај да овозможиме да станат мали претприемачи. Тоа е важен фактор кој треба да го оцениме“, нагласи Ајтекин Ајден, додавајќи дека ова е еден од проектите на ТИКА во Северна Македонија, за поддршка на производството и подобрување на економскиот живот.
Претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, нагласи дека курсевите се особено важни за добивање на нова професија.
„За нашите сограѓани Турци во земјата значајни се две точки. Прво ќе се анимира турската уметност, ќе оживеат и истите ќе бидат ревитализирани, ако може да кажеме. Второ, курсевите се значајни за учење на занает, особено кај жените домаќинки“, рече Емин.
Тој изрази надеж дека поголем број на луѓе ќе се здобијат со нова професија и во иднина планираат во Старата скопска чаршија да се отвори една продавница, каде што ќе може да се продаваат ракотворбите.
Курсевите се започнати пред две недели, а ќе траат до крајот на месец мај. Во Скопје, курсевите ги посетуваат околу 70, а во Гостивар 50 лица.