Ayşe Aktaş
21 Мај 2016•Ажурирај: 23 Мај 2016
ЊУЈОРК (АА) - Сликата на мексиканскиот уметник Диего Ривера е продадена во Њујорк за 15,7 милиони долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата на аукциската куќа Филипс сликата "Dance in Tehuantepec" ја купил колекционерот од Аргентина, Едвардо Константини.
Оваа слика може да биде најскапо продадена слика на сликарот од Латинска Америка. Сликата со сопругата на Ривиера, Фрида Кало, беше продадена за осум милиони долари.
Константини изјави дека чекал 20 години за да стане сопственик на сликата. Според него, во 1995 година не успеал да ја купи сликата, по што и се губи трагата.
"Секогаш се прашував кој ја купил сликата и каде се наоѓа", рече основачот и претседател на Музејот на уметности на Латинска Америка во Буенос Аирес, Константини.
Тој додаде дека планира од следниот март сликата да ја изложи во музеј, но пред тоа ќе биде изложена во Музејот на уметности во Филаделфија.
Ривера сликата ја заврши во 1928 година, а на нејзе е претставена група на танчери кои изведуваат "Zandunga" под дрво банана.
Таа прв пат беше изложена во Музејот Метрополитен во Њујорк во 1930 година.