Umur Koçak Semiz
20 Мај 2016•Ажурирај: 21 Мај 2016
ЊУЈОРК (АА) - Сликата на американската уметничка Џорџија О'Киф, "Lake George Reflection" на аукција во Њујорк беше продадена за 12,9 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Аукциската куќа Кристи вели дека сликата на една од најистакнатите автори на современата американска уметност на 20 век најде купувач за 12,9 милиони долари, чиј идентитет не се открива.
О'Киф сликата ја заврши во периодот помеѓу 1921 и 1922 година.Сликата "Lake George Reflection" може да се гледа од два агли, вертикално и хоризонтално.
Во хоризонтална положба се гледа пејзаж, односно планините и нивниот одраз во водата, додека во вертикална положба може да претставува цвет.
Делото за прв пат во 1923 година во Њујорк е изложени вертикално.