Bilgin S. Şaşmaz
04 Март 2018•Ажурирај: 06 Март 2018
ЧИКАГО (АА) - Фестивалот Холи, древен хиндуистички фестивал познат како „Фестивал на боите“, беше обележан во градот Чикаго, јавува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот на почетокот од март се обележува низ целиот свет, а соодветна програма се организираше и во Лемонт, Чикаго.

На танцот, музиката и фрлањето боја едни на други, присуствуваа околу илјада луѓе, меѓу кои покрај Индијците кои живеат во САД, учествуваа и други Американци, како и бројни туристи.

Програмата започна со интонирање на химната на Индија.
Времето за обележување на Холи во Индија е кон крајот на зимата. Во ноќите на Холи во Индија се палат огнови за да се уништат злите духови. Овој ритуал е познат како „Holika Dahan“. Најпознатото обележје на фестивалот е фрлањето прав во боја врз присутните.
Истурање на правот не е интересен само за децата, туку и за возрасните. Еден од ритуалите на Холи е кршењето на ќупови поставени на градските улици низ цела Индија.

Токму поради тоа што сите се забавуваат и се близу еден до друг, овој фестивал често се нарекува и Фестивал на љубовта. Се организираат разни „водени војни“, а „муницијата“ е обоена вода.