Selçuk Acar,Bilgin S. Şaşmaz
13 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Бранот протести по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД продолжи и синоќа ширум САД, а на Менхетен се собраа над од 20.000 демонстранти, јавува Anasolu Agency (AA).
Четвртиот ден од протестите против изборната победа на Трамп, во Менхетен, Њујорк, е организиран најмасовен собир. Над 20.000 демонстранти учествуваа на протестниот марш кон Кулата на Трамп.
„Силна жена, силен свет”, „Добредојдовте муслимани”, „Бори се за своите права”, „Трамп не е наш претседател, „Не на фашизмот во САД” и „Разбудете се САД”, се само некои од слоганите и пораките кои демонстрантите ги извикуваа за време на протестите.
На демонстрантите им се придружи и познатиот режисер Мајкл Мур, а група млади демонстранти ја повикаа и Демократската партија да ја преиспита кандидатурата на Хилари Клинтон, бидејќи како што тврдат, нејзиниот опонент Берни Сандерс имал поголеми шанси да го победи Трамп.
Протестите поминаа со зголемени мерки на безбедност, а слични собири се одржани и во Лос Анџелес, Чикаго и низ другите градови во САД.
Неколку илјадници демонстранти во Чикако облекоа традиционална индијанска облека и со танц на улиците го искажаа својот протест против победата на Трамп.
Со змијскиот танц демонстрантите искажаа незадовоство со најавениот проект за нафтоводот во Северна Дакота.